Левица: Власта одби зголемување на посебниот додаток за лица со попреченост
Владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ го одби амандманот на пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил-ХАКТАН, со кој се бараше зголемување на посебниот додаток за лицата со попреченост, објавија од политичката партија Левица.
– Амандманот предвидуваше овие средства да се обезбедат без да се кратат пари од социјални програми, туку преку намалување на расходите за НАТО, за кои државата веќе издвојува несразмерно многу во споредба со сиромашните буџети за социјална заштита.
Со оваа одлука власта уште еднаш покажа дека интересите на најранливите не се на нејзината агенда. Додека лицата со попреченост со години чекаат посериозна поддршка, државата продолжува да троши на приоритети од кои граѓаните немаат никаква корист. – стои во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…
Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…