Македонски државјанин уапсен во Тирана по потерница од Австрија
Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уапила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Австрија, каде за сторени тешки кривични дела.
-Дирекцијата на силите за специјални операции успешно финализираше уште една акција за апсење на меѓународно барани лица. Уапсен е М.А.(41) роден и со живеалиште во Скопје, Северна Македонија, кој се бара со меѓународна потерница издадена од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, Австрија. Тој се бараше за сторени тешки кривични дела како што се: „Трговија со дрога“, „Опасна закана“, „Тешка изнуда“ и „Повреда“.За вакци дела со австрискиот Кривичен законик, предвидена е максималната казна до 20 години затвор, стои во полициското соопштение.
Според истиот извор во Тирана, органите на редот го лоцирале и уапсија М.А. При физичкиот претрес, пронајдена и запленета е марихуана, која е искористена како материјален доказ во истрагата.
Интерпол Тирана ги продолжува законските процедури за екстрадиција на лицето, во соработка со австриските власти.
На 6 овој месец на граничниот премин „Ќафасан“, на албанско – македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија уапсен беше е А.А (34) жител на Кичево бран со меѓународна потерница, издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…
Уапсен е еден од најбараните бегалци во…
Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
(Видео) „Снимам, не правам ништо лошо“ –…
Новинарката Гергана Петрова е уапсена за време…
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…