Брижит Макрон поднесе жалба до францускиот Врховен касационен суд поради неосновани гласини дека е трансексуалка
Сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон, поднесе жалба до францускиот Касационен суд, откако Апелациониот суд во Париз вчера ослободи две жени кои преку интернет ширеа гласини дека таа е трансродова личност, соопшти нејзиниот адвокат.
Иста правна постапка покренал и нејзиниот брат, кој исто така бил цел на неоснованите обвинувања.
Обвинетите Наташа Ре и Амандин Роа беа ослободени од вината за 18 статии и содржини на интернет посветени на Брижит Макрон и нејзиниот брат. Според судот, единствено еден пасус во кој се споменува „злоупотреба на малолетни лица“ потпаднал под Законот за медиуми, но и за тоа судот донел ослободителна пресуда.
Во претходната судска постапка во септември, Ре и Роа беа прогласени за виновни и добија парични казни од по 500 евра, како и обврска да ѝ исплатат 8.000 евра отштета на Брижит Макрон и 5.000 евра на нејзиниот брат.
Основата на судскиот спор е рекламно видео кое уште од првиот мандат на Емануел Макрон во 2017 година циркулира на социјалните мрежи, особено во САД. Во него се тврди дека Брижит Макрон, родена како Брижит Тронје, всушност не постои, туку дека нејзиниот брат извршил операција за промена на полот и го презел нејзиниот идентитет.
Во 2021 година, Ре и Роа одиграле клучна улога во ширењето на оваа дезинформација преку повеќе од четиричасовно „интервју“ објавено на Јутјуб, во кое Роа ја интервјуира Ре за оваа тема.
Според француските медиуми, лажната вест добила голем публицитет на социјалните мрежи и го поттикнала судскиот процес кој сега преминува на највисоко правно ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…