Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија не ѝ е гајле
Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување 100% царини за стоки увезени од Русија претставуваат „театарски ултиматум“ што ја разочара воинствената Европа, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Трамп објави театарски ултиматум до Кремљ. Светот се стресе во очекување на последиците. Воинствената Европска Унија беше разочарана. На Русија не ѝ е гајле“, рече Медведев во објава на мрежата „Икс“.
Во понеделникот, Трамп постави ултиматум до Москва да постигне мировен договор во рок од 50 дена. Во случај тоа да не се случи, тој се закани дека ќе воведе 100% царини за увоз на руска стока, заедно со секундарни царински давачки за земјите што купуваат нафта, гас и други енергетски производи од Русија. Американскиот претседател, исто така, рече дека САД и ЕУ постигнале договор за испраќање американско оружје во Киев, чии трошоци ќе ги покрие Европа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија очекува Киев да предложи време за следната рунда преговори, но дека Киев очигледно не брза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија…
Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп…
Многу топло, попладне дожд и грмежи
Времето денеска во државата е сончево и…
Алијанса за Албанците: Политичката групација „ФЛЕН“, потоната…
Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и…
Прва заедничка обука на српската и кинеската…
Специјални единици на кинеската и српската армија…
Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека…