Објавено на:

Медиуми: Трамп го прашал Зеленски дали Украина може да ја нападне Москва

t

Американскиот претседател Доналд Трамп приватно ја охрабри Украина да ги засили нападите длабоко на руска територија, дури и го праша украинскиот претседател Володимир Зеленски дали би можел да ја нападне Москва доколку САД обезбедат оружје со долг дострел, објави денеска „Фајненшл тајмс“, пренесува Ројтерс.

Весникот, повикувајќи се на две лица запознаени со разговорот, објави дека Трамп разговарал со својот украински колега во телефонски разговор на 4 јули, еден ден откако разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп, исто така, разговараше за испраќање на ракети „АТАКМС“ од американско производство на Украина, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на истите извори.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Ројтерс не можеше да ја потврди информацијата.

Трамп во тоа време рече дека бил разочаран од разговорот со Путин бидејќи не изгледа дека рускиот лидер се стреми да ја запре војната на Русија против Украина .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…

Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…