Родителите на починатите деца од Кочани испратиле претставка до Собранието – Апасиев: Арам да им е на ДПМНЕ ако повторно избегаат

t

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар АПСИЕВ, денеска на ТВ 24 откри дека во Собранието, односно до него како Претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пристигнала претставка од здружението на родителите на починатите деца од Кочани „16-ти Март 2025“.

„Власта не сака да се спомене Кочани бидејќи тоа е рак рана, тоа е сликата на системот кој убива, на корумпираниот систем, кој што е создаден во изминативе три децении и мислам дека таа дамка ВМРО ќе си ја носи цел живот, дури има шпекулации дека ќе пробаат преку предвремени парламентарни избори таа дамка да ја отклонат“, истакна Апасиев.

Апасиев најави дека како Претседател на единствената уставно предвидена комисија и единствена која прима претставки од граѓани, Претставката ќе ја достави до членовите, ќе ја стави на дневен ред и ќе закаже седница на која, како што реле „надежно, конечно ќе се дебатира“.

Воедно, Апасиев предупреди дека ќе биде срамно и крајно нечовечки ако повторно се избегне соочувањето со вистината, како што досега пратениците од власта ги саботираат напорите за надзорна расправа. „Арам да им е ако пак го направат тоа“, порача Апасиев, нагласувајќи дека Собранието е местото каде мора да се зборува за Кочани и да се утврди одговорност..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…