Затворски полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово

t

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово, известуваат од МВР.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја.

Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Идризово“ починал затвореник

Затвореник од Неготинско вчера починал во затворот…

Затвореник почина од струен удар во Идризово

На 29 август 2026 година во 14:43…

Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…