Рубио: Завојуваните страни во Сирија се согласија да преземат чекори за прекин на борбите
Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори што би ги прекинале борбите во земјата, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.
-Ги ангажиравме сите страни вклучени во борбите во Сирија. Се согласивме за конкретни чекори што ќе ја прекинат оваа алармантна и застрашувачка ситуација вечерва, рече Рубио на социјалната мрежа „Х“. „Ова ќе бара од сите страни да ги исполнат своите обврски“, додаде тој.
Претставник на Европската Унија го повика „Израел веднаш да ги прекине нападите“ во Сирија.
Сириската државна телевизија соопшти дека земјата ги поздравува напорите на САД и арапските држави за мирно решавање на сегашната криза.
Во меѓувреме, сириските власти вечерва објавија нови израелски воздушни напади врз периферијата на Дамаск, откако претходно денес беа погодени штабот на сириските вооружени сили и областа околу претседателската палата во главниот град.
-Ударите беа извршени во областа на воениот аеродром Мазех, во област каде што се наоѓаат складишта за муниција, изјави извор од сириското Министерство за внатрешни работи.
И сириското Министерство за здравство објави дека десетици тела на мртви војници и цивили се пронајдени во болница во јужниот град Свеида, каде што во моментов се водат судири меѓу милициите на Друзите и владините сили.
Сирија денеска го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да се состане што е можно поскоро за да „се справи со последиците од израелската агресија на сириска територија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…
Приведен гевгеличанец: Пијан нападнал полицаец додека извршувал…
Полицијата во Гевгелија приведе 51-годишен жител на…