САД ѝ се 3akaанија на Русија ако не се согласи на прекин на огнот во Уkpaина
Инаку, уделот на американската надворешна трговија со Русија е помал од еден процент, а вкупната трговска размена меѓу двете сили беше намалена на минимум по руската агресија во 2022 година, што значи дека сите царини би биле неефикасни
Белата куќа денеска соопшти дека Русија ќе се соочи со многу високи царини ако не се согласи на прекин на огнот со Украина во рок од 50 дена.
„Па, за 50 дена, како што беше јасно ставено до знаење, ако нема договор за прекин на огнот или мировен договор во тој период, ако Русија одбие легитимно да се согласи на прекин на огнот, тогаш ќе се соочи со многу високи тарифи и ќе се соочи со секундарни санкции. Значи, земјите што купуваат нафта од Русија исто така ќе бидат санкционирани, а тоа, секако, ќе предизвика голема штета на руската економија“,
изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит за новинарите.
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја заврши војната преку дипломатско решение, рече Ливит.
„Тој инсистира на тоа… претседателот сака да го запре убивањето и сака да спаси животи“,додаде таа.
Инаку, уделот на американската надворешна трговија со Русија е помал од еден процент, а вкупната трговска размена меѓу двете сили беше намалена на минимум по руската агресија во 2022 година, што значи дека сите царини би биле неефикасни.
Исто така, секундарните царини за земјите што тргуваат со Русија веројатно нема да го имаат посакуваниот ефект, со оглед на тоа што Кина објави дека ќе ѝ помогне на Русија уште посилно во случај на трговска војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се 3akaанија на Русија ако…
Инаку, уделот на американската надворешна трговија со…
Трамп заврши на лекар: Портпаролката ги открива…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил на…
Калас: Ако ЕУ го финансира оружјето за…
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика…
Зеленски ја назначи Олга Стефанишина за нова…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Олга…
Зеленски е сигурен дека Путин се плаши…
Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од…