Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела „убиство во обид“, три „тешки кражби“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“.
Според полицијата, во периодот од 2 до 7 јули годинава, Г.П. извршил низа кражби во викенд куќи во битолско – влегол во два објекти во село Крклино, при што не украл ништо, но направил материјална штета. Во село Долно Српци, насилно влегол во куќа и украл ловечка пушка и гориво.
На 7 јули, користејќи ја истата пушка, пукал кон три лица – 22-годишно момче и двајца малолетници на 15 и 16 години. Подоцна, при обид да побегне, во близина на селото Вашарејца се обидел да пука и кон полициски службеници, но не успеал. Полицијата возвратила и го погодила во ногата, по што бил приведен. Против него е поведена постапка, а истрагата продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…
Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно…
Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе…
Де Ниро распали по Трамп: „Тргнете ги…
Холивудската легенда Роберт де Ниро повторно жестоко…
МЕА: ослободени 325 милиони барели од итните…
Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија…