Објавено на:

На работ на глобален судир? Британскиот премиер најави можна копнена интервенција во Украина!

t

Светот во неизвесност по шокантната најава од Лондон! Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека се разгледува опција за испраќање копнени трупи во Украина, во рамки на поширока стратегија за поддршка на Киев и притисок врз Москва.

На заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во британската престолнина, Стармер откри дека „воените планови се веќе разработени и спремни за акција“, при што се споменуваат и копнени и поморски операции како дел од можната интернационална интервенција.

„Наш приоритет е Путин да се донесе на преговарачка маса и да се обезбеди безусловен прекин на огнот“, рече Стармер, нагласувајќи дека санкциите ќе продолжат да бидат клучен инструмент за притисок.

Премиерот јасно стави до знаење дека военото планирање не смее да чека додека да започне примирје, бидејќи командната структура веќе е воспоставена, што значи дека операциите би можеле да бидат активирани во секој момент.

Според него, безбедноста на Европа започнува во Украина, и поради тоа Велика Британија, заедно со Германија, САД и другите сојузници, подготвува нов масивен пакет воена помош за украинската армија.

Во рамки на средбата, Стармер и Мерц потпишаа билатерален стратешки договор, познат како Кенсингтонски договор, кој предвидува:

засилена одбранбена соработка
координација во индустриски и научни проекти
заеднички пристап во борбата против илегалната миграција
Канцеларот Мерц, иако изрази жалење за Брегзит, порача дека „европското единство е поважно од кога било“, особено поради „руската закана што ја нарушува европската безбедносна рамнотежа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…