Нов договор со Велика Британија: Британскиот министер пишува за соработка во областа на нелегалната миграција!

t

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Лами по повод потпишувањето на Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.

– Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Македонија за зголемување на инвестициските можности, справување со нелегална миграција и зајакнување на заедничката безбедност. Драго ми е што се видов со Тимчо Муцунски – со нетрпение очекувам повторно да го угостам на Берлинскиот процес, пишува Лами.

Декларација за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска вчера во Форин офисот во Лондон ја потпишаа шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами.

Муцунски на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство.

– Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО. Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…

Во времето на царот Декиј имаше големо…

Стабилно и топло време со температури до…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…