Медведев: Русија мора да се дистанцира од ЕУ
Политиката на Русија треба да биде насочена кон максимално дистанцирање од Европската Унија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи го усвојувањето на 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија.
„Треба да инсистираме на максимално дистанцирање од Европската Унија и најконтроверзните земји од ЕУ“, напиша Медведев на својот Телеграм канал. На овие земји сега можат да им се придружат не само Полска и Обединетото Кралство, туку и Германија и Франција, „чии лидери ги прогонува славата на Третиот рајх и режимот на Виши“, а како тоа ќе заврши за Европа е непознато, коментираше Медведев.
Според Медведев, „Русија мора да се сеќава на одвратната русофобија на европските политичари што е можно подолго, како и да научи да ги мрази, бидејќи руската економија ќе издржи, а нападите врз режимот во Киев ќе продолжат“.
„Мора да се сеќаваме на нивната подла русофобија што е можно подолго и да научиме да ги мразиме во иста мера како што ги мразеле нашите предци. Омразата е најважното оружје што овозможува најефикасно движење кон нејзината спротивност – љубовта. Секако, кога станува збор за оние што ја заслужуваат“, додаде Медведев. Според Медведев, Русија ќе извршува напади врз објекти на територијата на Украина, вклучувајќи го и Киев, со уште поголем интензитет.
„Нападите врз објекти на таканаречената Украина, вклучувајќи го и Киев, ќе бидат извршени со уште поголем интензитет“, заклучи Медведев, нагласувајќи дека усвојувањето на 18-от пакет санкции на ЕУ нема да има влијание врз падот на режимот во Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…
Европската унија треба да биде „подготвена за…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…