Објавено на:

Путин и Ердоган разговараа: Турција е подготвена повторно да биде домаќин на разговори во Истанбул

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин разговараа по телефон за билатералните односи, Сирија и Украина, соопшти турската претседателска администрација.

„Беа разгледани билатералните односи меѓу Турција и Русија, регионални и глобални прашања. Претседателот Ердоган рече дека е важно да се започне третата рунда разговори меѓу Русија и Украина и дека Турција ќе продолжи да биде домаќин на разговорите во Истанбул кога ќе бидат одредени датуми погодни за страните“, се вели во соопштението.

Ердоган му рече на Путин дека Турција се стреми да обезбеди стабилност во Сирија. „Претседателот Ердоган рече дека судирите по повлекувањето на сириските безбедносни сили од Сувајда [во јужна Сирија] претставуваат закана за целиот регион и дека е важно Израел да не го наруши суверенитетот на Сирија.

Тој рече дека Турција се стреми да обезбеди стабилност и безбедност во Сирија, за да ѝ помогне да се врати на нозе што е можно поскоро“, се вели во соопштението. Порано оваа недела, Песков нагласи дека Русија е подготвена за трета рунда разговори; предлозите од Киев сè уште не се пристигнати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…