Објавено на:

Русија го раскина договорот за воено-техничка соработка со Германија од 1996 година

t

Руската Влада денеска го раскина договорот со Германија за воено-техничка соработка, потпишан во 1996 година. Одлуката ја потпиша рускиот премиер Михаил Мишустин, објави ТАСС.

Руското Министерство за надворешни работи доби задача да ја извести германската влада за оваа одлука.

„Договорот апсолутно не одговара на моменталната состојба на руско-германските односи, кои се последица на отворено непријателската политика на германските власти и сè поагресивните милитаристички аспирации на германската влада“, се наведува во соопштението на Министерството.

Според Москва, раководството на Германија „намeрно го насочува своето население во антируски дух и отворено провоцира ескалација на воено-политичката ситуација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го раскина договорот за воено-техничка соработка…

Руската Влада денеска го раскина договорот со…

Бугарија: Русија сака да нѐ дискредитира поради…

Бугарското Министерство за надворешни работи ја оцени…

Путин и Ердоган разговараа: Турција е подготвена…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот…

Медведев: Русија мора да се дистанцира од…

Политиката на Русија треба да биде насочена…

Командант: Силите на НАТО можат да ја…

Командантот на американските сили во Европа и…