СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а донесоа бруталната и скандалозна партизација на институциите

t

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а донесоа бруталната и скандалозна партизација на институциите. Последен е скандалот во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта“, соопштија од СДСМ.

„Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вдомени во М-НАВ наместо стручни, едуцирани и лиценцирани кадри.

Додека млади луѓе со образование, знаење и стручност се одбиваат, партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ станува единствен критериум.

ВМРО-ДПМНЕ не само што ја загрозува безбедноста, туку испраќа силна порака до младите дека со оваа власт немаат иднина.

Ова не е само скандал за партизација – ова е закана по безбедноста на патниците и воздушниот сообраќај.

Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо. М-НАВ не е играчка во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, туку сервис што мора да функционира строго професионално и во служба на граѓаните.

СДСМ бара итно поништување на овој срамен оглас, повлекување на сите спорни решенија и оставки од сите инволвирани.

Македонија мора да биде држава на знаење а не на партизацијата и непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем…

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а…

Каја Шукова кандидат за градоначалник на Скопје!…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…

СДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за…

Власта не ги почитува законите кога не…

Ралев и Шукова се во игра за…

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој…