Градоначалникот на Кочани им се извини на семејствата на загинатите во „Пулс“
Откако на маршот за ангелите во Кочани, родителите на загинатите во „Пулс“ го прозваа градоначалникот на Крстевски Венко Крстевски што двапати по ред не се појавува на маршот, тој преку јавно соопштение им се извини.
Драги сограѓани, почитувани родители и семејства засегнати од трагедијата која длабоко ја потресе нашата заедница, Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата за Петровден несвесно сум повредил некого. Свесен сум дека постоеја и јавно изразени ставови од некои граѓани дека не треба да присуствувам на „Маршот на ангелите“. За жал, притоа бев навредуван со клетви и погрдни зборови. Иако тоа длабоко ме потресе како човек, не им го земам за зло. Ја разбирам болката што стои зад тие зборови. Кога ќе изгубиш најмил, зборот често станува крик, а тишината товар кој тешко се носи.
Како в. д. градоначалник, мојата улога не е само административна, туку и човечка. Да бидам со сите граѓани, да слушам, да разбирам и да дејствувам со одговорност и чувство. Сакам да го сочуваме достоинството на градот, но и да создадеме простор за напредок и развој, особено за младите, за животот што мора да продолжи, со сите негови тешкотии и светлини. Ве повикувам заедно, со разум и одговорност, да започнеме промена на системот кој со години ја подрива довербата и безбедноста во нашата заедница. Трагедијата од 16 март не беше несреќа, беше последица на долгогодишна негрижа на државните институции. Уште еднаш, искрено и со почит се извинувам на сите кои се почувствуваа повредени. Останувам отворен за дијалог, со желба и волја да чекориме напред заедно, истакна Крстевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Кочани им се извини на…
Откако на маршот за ангелите во Кочани,…
Семејствата на загинатите во Кочани бараат од…
Семејствата на загинатите во Кочани бараат од…
Нов „Марш за ангелите“ денеска во Кочани
Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“,…
Апасиев за пораката на Мицкоски да се…
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев,…
Пулс е пресвртна точка во македонската историја:…
*Објава на Фејсбук на Мартин Каровски: Колку…