Левица со демант: Не одиме во коалиција ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ – Сами ќе настапиме на претстојните избори!

t

Политичката партија Левица преку социјалните мрежи испрати демант нагласувајќи дека партијата нема да настапува во предизборни коалиции, туку самостојно.

– Во целост ги демантираме дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараме за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори!

Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање.

Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции!

Левица ќе настапи САМОСТОЈНО, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати.

Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со интегритет, без оглед дали се партиски членови или не, сè додека ја делат визијата за промена и конечно функционална локална самоуправа во служба на граѓаните. – стои во демантот на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица со демант: Не одиме во коалиција…

Политичката партија Левица преку социјалните мрежи испрати…

Фантом фирма од Битола добива милионски тендери…

Левица обвинува дека катастрофалното управување со АД…

Левица: Срамен, деградирачки и нецивилизациски третман на…

АФЖ - Левица најостро реагира на срамниот,…

Левица Бутел: Костовски без срам повторно го…

Локалниот огранок на Левица – Бутел реагира…

Апасиев: Левица ќе има партиски кандидат за…

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник…