Објавено на:

Нетанјаху заврши на инфузија поради труење со храна

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху моментно се опоравува од труење со храна, потврди неговиот кабинет.

Откако го пропушти неделниот состанок на кабинетот утрово, неговата канцеларија објави дека ќе работи од дома во следните три дена поради здравствени проблеми.

„Премиерот Нетанјаху се разболе во текот на ноќта, а медицинскиот преглед покажа дека страда од воспаление на цревата и дехидрација. Моментално прима инфузија како дел од терапијата“, се наведува во официјалното соопштение.

Премиерот беше прегледан во својот дом од д-р Алон Хершко, директор на одделот за интерна медицина на Универзитетската болница Хадаса – Еин Керем, кој потврди дека станува збор за воспаление предизвикано од консумирање расипана храна.

Нетанјаху, кој има 75 години, и претходно се соочил со здравствени предизвици.

Минатата година му беше вграден пејсмејкер, додека во декември беше подложен на операција за отстранување на простатата по инфекција на уринарниот тракт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху заврши на инфузија поради труење со…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху моментно се опоравува…

Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени…

Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните…

КАКВА Е МЕХАНИЗАЦИЈАТА, ИМАШ ЛИ БРОЈКИ: Ново…

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт…

Академска тишина

Тоа е тишината која „гласно одекнува“ во…

Жителите покрај новиот експресен пат Градско-Фариш стравуваат…

Еден загинат, едно тешко повредено дете и…