Вучиќ најави: Ќе нема граѓанска војна – Србија е под напад, но ќе опстане
Српскиот претседател Александар Вучиќ остро реагираше на најновите случувања и обвини дека зад протестите, блокадите и обидите за дестабилизација стојат милијарди евра и странски интереси. Тој во емисијата „Хит Твит“ истакна дека нема да дозволи граѓанска војна во Србија и дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност во земјата.
„Србија е подобра од мене, но мораме да се соочиме со многу поголеми проблеми од блокадите – како апсењата на нашите луѓе во Косово и постојаните провокации“, рече Вучиќ, алудирајќи и на апсењето на Игор Поповиќ. Додаде дека бил свесен за насилството на протестите, но дека намерно не наредил нивно насилно растерување за да избегне крвопролевање.
Според него, целта на овие обиди за нестабилност е воспоставување „послушно водство во Србија“, при што обвини дека се инвестирани милијарди евра за политички притисоци и манипулации.
Во емоционален дел од интервјуто, Вучиќ откри дека неговото семејство често е мета на навреди, но изјави дека не сака да се прикажува како жртва. Тој најави дека мандатот му завршува за година и пол, но предупреди дека претстојните избори се „многу поважни отколку што луѓето мислат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се прска против комарци во Јегуновце
Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на…
Депортиран имамот Елведин Пезиќ поради ширење на…
Исламскиот проповедник Елведин Пезиќ од Босна и…
Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!
Украина изврши ракетни напади врз објект на…
Родители се тепале откако дете било удрено…
На 14.08.2026 во 12:00 часот во СВР…
Снаа си ја нападнала 72-годишната свекрва
На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски…