Масовна полноќна тепачка во парк во Пинтија – група насилници нападнале неколку момчиња
Група напаѓачи вчера во 1 часот по полноќ во парк во скопската населба Пинтија нападнале четворица млади жители на населбата, соопшти полицијата.
„На 19.07.2025 во 14:54 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен А.П.(27) од Скопје. Според пријавеното, А.П. со повредите се здобил околу 1 часот во парк во населбата Пинтија, каде што тој и неговите другари С.С.(26), М.Б.(24) и С.Д. (28) биле физички нападнати од поголема група на лица, кои во нападот употребиле повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…
Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…
Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…
Вработен во маркет си го натепал колегата
На 16.05.2026 во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од…
МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…
Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…
Две малолетнички се тепале на улица во…
ОВР Струга вчера во 18:00 часот е…