Објавено на:

Невреме во Словенија – илјадници луѓе останаа без струја

t

Западна Словенија по должината на границата со Италија e погодена од посилна бура доцна попладне, која потоа се пресели кон истокот на земјата, пишува Н1 Словенија.

Силна бура попладне го погоди и подрачјето на Бовац и Кобарид, а потоа се движеше кон Крањ и Камник.

Пороен дожд проследен со силен ветер го погоди и главниот град Љубљана, каде што ветерот кршеше гранки и предизвика штета на некои деловни објекти.

Љубљанските пожарникари денес имаа околу 15 интервенции, од кои повеќето во Вич. Повеќето од интервенциите беа поврзани со отстранување на паднати дрвја што паднале врз возила или на патот, соопшти противпожарната бригада на Љубљана.

Доброволни противпожарни единици беа испратени на терен. Последната интервенција беше регистрирана околу 19:00 часот.

Регистрирана е материјална штета, но нема повредени.

Паднатите дрвја предизвикаа и проблеми во сообраќајот. Поради дрвјата на патот, сообраќајот беше привремено прекинат на автопатите, како и на јужната и западната обиколница на Љубљана.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските фудбалери отпатуваа за Љубљана на дуелот…

Фудбалската репрезентација на Mакедонија немаше многу време…

Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…

Трагедија се случила во близина на водопадот…

Мисајловски во посета на Словенија: Средба со…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес…

Словенечкиот премиер најави пренасочување на 50 илјади…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека сака…

Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…

Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…