Објавено на:

Кичевчани пукале на семејна веселба, раниле 16-годишно момче

t

Рано утрово, уапсени се двајца жители на кичевското село Трапчин Дол, кои пукале со пиштол на семејна веселба и раниле 16-годишно момче, соопшти МВР.

„На 22.07.2025 во 02:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево. Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…

Жител на скопското село Шишево е приведен…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…

Малолетник од Охрид се ранил себеси со…