Починала на 99 години и своето тело го донирала на медицината : Научниците се шok ирале кога ја отвориле
Американката Роуз Мери Бентли од Орегон имала едно од најретките анатомски нарушувања
И покрај тоа што Роуз Мери Бентли од Орегон имала едно од најретките анатомски нарушувања, живеела цели 99 години.
Внатрешните органи во нејзиното тело биле поставени на спротивните страни одошто е вообичаено.
Уште почудно е тоа што таа воопшто не била свесна за тоа, туку тоа го открил научен тим од Универзитетот за здравје и наука во Орегон, кога старицата починала, а своето тело го донирала за проучување.
Неверојатниот случај го проучил асистентот за анатомија Кем Вокер и го претставил на годишниот научен собир.
Иако идентитетот на луѓето што донираат органи или тела обично се крие, нејзиното семејство го одобриле тоа.
„Знаев дека има нешто поинакво, но ни требаше многу време за да сфатиме како природата го составила нејзиното тело“, рекол асистентот.
Кога завршиле со испитување, тимот дијагностицирал дека состојбата на Роуз е situs inversus, што значи дека имала променета положба на телесните органи, како инверзија во огледало.
Интересно е што и покрај тоа, срцето на Роуз било на левата страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…