АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија
Споменикот од пред комплексот судови го отстрани поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година.
Градоначалничката на Град Скопје како што вети пред граѓаните , споменикот на македонкиот револуционер Андон Лазов Јанев -Ќосето ќе го врати на соодветна локација како што му доликува на еден македонски револуционер и нема дозволи да гние во магацините.
„Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија“, соопшти утрово Град Скопје.
Споменикот е поставен на кружниот тек кај хотелот „Континентал“, каде е изграден нов бетонски постамент, на кој е поставена скулптурата на Ќосето.
„Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава“, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во 2023 година почна постапка да го врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето кој беше поставен пред комплексот судови во Скопје. Таа бараше споменикот да биде поставен на нова локација кај хотелот „Континентал“ односно на крстосницата помеѓу булеварот Александар Македонски и булеварот Беласица, североисточно од кружниот тек.
ФБ статусот на Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…
Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…
Арсовска: Ќосето е синоним за правда! Секој…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер…
АИРЛИЈА! Арсовска го враќа споменикот на Ќосето!
Неправдата конечно е исправена. Со 23 гласа…
“Лажен мицковистички патриотизам”: “Шпицниот” наместо капитални проекти…
"Шпицниот" градоначалник наместо да отвора капитални проекти…
БРАВО: Арсовска поднесе иницијатива за враќање на…
Денес доставив иницијатива до Советот на Град…