Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ Фон дер Лајен
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изелза појадок претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, објави унгарската новинска агенција MTI.
Орбан во онлајн емисија наречена „Борбен час“ изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот претседател е „тешкаш“ за разлика од претседателката на Европската комисија, која е „лесна“.
„Позицијата на американскиот претседател беше многу постабилна, додека позицијата на претседателката на Комисијата отсекогаш беше покревка“, додаде тој.
Договорот вклучува царини од 15% за стоките од ЕУ што влегуваат во САД и предвидува ЕУ да купи значителни количини американска енергија и воена опрема.
САД неодамна склучија сличен договор со Обединетото Кралство, кој е „многу подобар од овој“, смета Орбан. Додаде дека европскиот договор тешко дека ќе може да се претстави како успех.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ Фон…
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот…
Трамп се покаја па најавува ресетирање на…
Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави „големиот…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Трамп за Mack: Не ми треба за…
Доналд Трамп го спомена милијардерот Илон Маск…
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…