Обвинетиот министер Салиу со службено возило се пријавува во суд
Министерот без ресор Шабан Салиу, кој е обвинет во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со службено возило пристигнал во Кривичниот суд да се пријави, иако тоа е дел од неговата лична судска обврска.
Радио Слободна Европа го фотографирале моментот кога министерот излегува и влегува во владиното возило пред судот, каде се пријавува двапати неделно согласно определената мерка за претпазливост.
На прашањето од РСЕ зошто користи службено возило за приватна обврска, министерот кусо одговорил:
„Па јас сум на работа, од каде знаете за што доаѓам во судот?“ одбивајќи да даде официјална изјава.
Салиу е обвинет за тешки дела против општата сигурност, заедно со уште 34 лица, во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Во периодот за кој се води постапката, тој бил директор на Дирекцијата за заштита и спасување (2008–2017). Обвинението сè уште е во фаза на оценка од страна на Кривичниот суд.
На новинарско прашање за неговата инволвираност во случајот, како поранешен функционер кој е опфатен со истрагата, Салиу претходно за медиумите одговори дека не чувствува никаква одговорност и дека никој не е виновен додека не се докаже неговата вина.
– Апсолутно не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, во системот и правосудните органи. Со срце и душа тврдам дека немам вина. Оставам на совеста на државата да одлучи – рече Салиу (05.06.2025 година).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…