Или некој се надева дека ќе може да ја сече изгорената шума – или се работи за патолошки мотиви, вели Ангелов за подметнатите пожари

t

Дел од пожарите се предизвикани поради небрежност на граѓани, но за поголем број од пожарите имаме индиции, а за некои од нив и докази дека се подметнати, кажа денеска на прес-конференција раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС Стојанче Ангелов.

Според него, мотивите се различни, од економски, до патолошки.

„Можеби некој се надева дека ќе може да ја сече изгорената шума, бидејќи на неколку места имаме пожари кои на необјаснив начин се појавија во висококвалитетна шума, како пожарот кој изби кај Македонска Каменица. Постојат можности и за патолошки мотиви, односно пиромани, лица кои уживаат да гледаат оган, но тие не би запалиле оган во населено место каде би биле видени, фатени, снимени… Дел од подметнувањата се во делови со неквалитетна шума и тука нема логично објаснување зошто некој упорно пали пожари на вакви места, па за мотивите може само да претпоставуваме“, истакна Ангелов.

Вчера имало 51 пожар на отворено место, што е алармантна бројка, рече Ангелов. Денеска пак, регистрирани се вкупно 15 пожари, од кои 9 се активни, а 6 се ставени под контрола. Бројките се менуваат од миг во миг, а најтежок е пожарот на планината Готен.

Во однос на механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Ангелов соопшти дека добиле понуда за помош од Словенија и Франција и тоа во тимови од околу 60 пожарникари, со специјални возила за гаснење на шумски пожари.

„Ја разгледуваме оваа можност и дополнително ќе одлучиме како ќе постапиме. За жал, температурите иако паднаа, сè уште се погодни за развој на нови пожари, затоа апелирам до граѓанитe да бидат исклучително внимателни и да го пријават секое сомнително поведение“, рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…

ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…

Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…

Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…