Чешка и Словенија ни понудија помош за шумските пожари – утре пристига хеликоптер и 50 пожарникари!
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов попладнево изјави дека стигнала понуда од страна на Чешка за помош во справувањето со пожарите, објави 4NEWS.mk
Како што вели, веднаш е прифатена помошта која се однесува на хеликоптер марка Блекхок.
Според Ангелов, утре полетува хеликоптерот и во текот на денот ќе пристигне кај нас.
„Исто така, во текот на денешниот ден добивме понуда за помош од страна на Словенија со 50 пожарникари и со специјални возила за гасење на шумски пожари. Тие ќе тргнат утре околу пладне, а во Македонија ќе бидат во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово и ќе им дадат поддршка на беровските пожарникари на планината Готем“, вели Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…