(Видео) „Таа е неверојатна, ама не сакам да влезам во неволја“- Трамп за сопругата на британскиот премиер
Американскиот претседател Доналд Трамп упати пофалби за Викторија Стармер, сопругата на британскиот премиер Кир Стармер, за време на средбата на двајцата државници во Тернбери, Шкотска.
Иако звукот од гајдите го надвладеа Трамп, се слушна како американскиот претседател вели: „Сакаме да го усреќиме премиерот.“
Говорејќи за Викторија Стармер, Трамп додаде:
„Таа е почитувана личност низ целите Соединети Американски Држави. Не знам што работи тој, но таа е многу почитувана, подеднакво почитувана како и тој. Не сакам да кажам повеќе, ќе влезам во неволја. Но, таа е многу, таа е прекрасна жена и многу е почитувана“, пренесува Express.
По долгиот разговор помеѓу премиерот и претседателот на врвот од скалите, Трамп се сврти да одговори на новинарските прашања додека гајдите продолжија да свират гласно.
Меѓу другото, едно прашање се однесуваше на царините на виски.
„Ќе разговараме за тоа, не знаев дека вискито е проблем. Не сум голем љубител на виски, но можеби треба да бидам“, рече Трамп.
За време на кратката средба пред официјалниот разговор, лидерите се осврнаа на теми од нелегална миграција до војната во Газа.
🚨🇬🇧🇺🇸 Trump welcomes Britains most hated Prime Minister ever & all round Global Communist Keir Starmer along with his estranged Wife to his Residence in Turnberry, Scotland pic.twitter.com/3T9a4oB4hh
— Concerned Citizen (@BGatesIsaPyscho) July 28, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Таа е неверојатна, ама не сакам…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати пофалби за…
Алармантно кај Злеово, пожарот стигна над куќите…
Сериозна противпожарна состојба вечерва кај радовишкото село Злеово.…
Залужни: Русите целосно ја променија тактиката, АКО…
Поранешниот врховен командант на украинската армија и…
Меџити: Нема да има градби на скопското…
Вицепремиерот и еден од лидерите на коалицијата…
Францускиот премиер за трговскиот договор меѓу САД…
Високи француски функционери во неделата изјавија дека…