Се заваруваат сите шахти на трасата каде се движи Мицкоски
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот Мицкоски се заваруваат и тоа од неговиот дом во Влае до Влада на РМ и од Влада до Вилата Водно .
Последен пат вакво заварување на шахтите по високо превентивен безбедносен протокол беше спроведено 2019 година кога во посета на државата дојде Папата Франциск и тоа само на Плоштадот Македонија.
Заварувањето на шахтите исто се врши и кога има потреба од безбедност на учесниците на Маратони кои се организираат во Скопје или доколку има посета на висока ВИП личност и секогаш имало известување за јавноста, што не случај сега.
Зошто има потреба од ваков висок степен на безбедност на Премиерот треба од МВР да и соопштат на јавноста и по кој Закон и Подзаконски акт се превзема оваа мерка.
Инаку заварувањето на шахтите е ризик од несакани поплави доколку има силни врнежи или невреме, со што ќе се отежне и превентивата и реакцијата на Водовод и канализација Скопје и на другите надлежни органи за интервенција.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…