Се скарав со Епстајн зашто ми крадеше девојки од мојот спа центар во Флорида, кажа Трамп
Доналд Трамп кажа дека се скарал со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн затоа што му „крадел“ млади девојки кои работеле во неговиот спа центар во Мар-а-Лаго во Флорида.
„Ми земаше луѓе и му реков ‘не го прави тоа повеќе‘. Тие работеа за мене. И откако му го кажав тоа, зеде уште неколку. Откако го направи тоа, завршив со него“, кажа Трамп на враќањето од Шкотска, каде што исто така се соочи со прашања за неговиот однос со Епстајн.
Некогашната соработничка на Епстајн, Гилејн Максвел, која служи 20-годишна затворска казна, ќе сведочи во американскиот Конгрес на 11 август. Нејзиниот правен тим кажа дека Максвел ќе сведочи само ако добие имунитет или помилување и ако ги добие прашањата однапред.
„Епстајн украде луѓе кои работеа за мене. Тоа беа млади жени ангажирани од спа центарот што јас го водев“, рече Трамп.
Тој потврди дека една од нив била Викторија Гифре, која почнала да работи во Мар-а-Лаго во 2000 кога имала 16 години. Според судските документи објавени во 2019, Гифре рекла дека била регрутирана од Максвел за да му прави масажи на Епстајн. Гифре, која изврши самоубиство оваа година, ги обвини Епстајн и британскиот принц Ендрју за сексуално злоставување.
Ова е најновата изјава на Трамп за тоа како завршила неговата врска со Епстајн. Минатата недела, Белата куќа соопшти дека Трамп го исфрлил Епстајн од неговиот клуб во Мар-а-Лаго „затоа што бил морничав“. На прашањето дали има несовпаѓање во причините, Трамп рече: „Знаете, тоа е речиси исто“.
Трамп и Епстајн се скарале во почетокот на 2000-тите откако биле пријатели повеќе од една деценија.
Симнете ја мобилната апликација
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…
Затвор за лажни вести што ќе го…
Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…