Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени
Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Прашање е колку брзо можат административно да се постигнат тие процеси, затоа што треба да се координираат повеќе институции, но сепак по изборите до крајот на годината имаме целсно посветеност сите што неколку години работеле со договри на дело да добијат договори на неопределено време и со тоа да им се реши статусот, рече Клековски.
Како што информира Александар Бузалков директор на ЈЗУ Општа болница Велес, во велешката болница има седум работници со договор на дело. Се надева дека по изборите ќе добијат согласност за нивно вработување на неопределено време како што и било договорено со надлежните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…