Жителите на Русиново стражарат и внимаваат да не се разгори пожарот

t

Жители на беровското село Русиново остануваат на терен откако синоќа гаснеа пожар кај месноста Св.Марко. Пожарот кој до ТППЕ Берово беше пријавен доцна синоќа, прва го забележала Сања Мирчовска, жителка на селото која информираше дека веднаш потоа поголема група граѓани се упатиле кон опожарената локација

-Во првите 20 минути од дојавата, на терен пристигнаа повеќе од 200 лица – претежно млади жители од Русиново и околните населби – кои со организирано дејствување учествуваа во гаснењето. Нивната самоиницијативност и солидарност одиграа клучна улога во спречување на поголема катастрофа, информира Мирчовска.

Особена благодарност од Месната заедница во Русиново упатија до Територијалната противпожарна единица од Берово, како и до ЈП „Национални шуми“ – Подружница Берово, кои интервенираа навремено со механизација и опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Изгоре куќа во беровско Русиново – апел…

Апел за помош по пожар во Русиново…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…