Жител на Тетовско дал 1.000 евра за превоз на автомобил од Швајцарија, ама го измамиле
Измамник кој се претставил дека е во Скопје успеал да натера жител на Тетовско да му плати за наводен превоз на автомобил од Швајцарија во земјава, по што го измамил и не му го презел „Мерцедесот“, соопшти МВР.
„На 30.07.2025 во 15:30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила од Швајцарија во Македонија. Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира возило „мерцедес“ од Швајцарија за сума од 1.000 евра. Како што е пријавено, лицето му пуштило фактура и побарало од него парите да ги прати парите преку брз трансфер на пари на друго лице. Исто така, според пријавеното, откако лицето не го презело возилото и му наведувало различни причини затоа, тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО НП соопшти ќе има сопствен кандидат…
Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија Тетово…
Тошковски ќе го награди полицискиот службеник кој…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по…
Хеликоптер на МВР исфрли над 35 тони…
Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи Бел…
Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска…
Во собраниска процедура е ставен невиден и…
Сообраќајка во Тетово: Почина 68-годишен велосипедист
Во полицијата било пријавено дека вчера во…