Во струмичко повредни двајца малолетници во сообраќајна несреќа
Вчера во 17:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Моноспитово, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Е.Г.В. од село Моноспитово и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолтеник од село Муртино, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобила неговата 16-годишна сопатничка од с.Муртино, констатирани во Медицински центар Струмица, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…