Објавено на:

Зеленски: Подготвени сме за мировен самит

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека Киев е подготвен за мировна средба на највисоко ниво, но само доколку Москва покаже вистинска сериозност и искрена подготвеност за прекин на војната и воспоставување праведен и траен мир.

Изјавата на Зеленски доаѓа по најновите пораки од рускиот претседател Владимир Путин дека Русија е „принципиелно“ подготвена за преговори. Во објава на Телеграм, Зеленски порача дека Украина не одбива разговори, но нема да учествува во процеси кои служат само за одолговлекување на конфликтот и избегнување санкции.

„Ако пораките од Москва се искрени и не се обид за купување време, ние сме подготвени да се сретнеме со лидерите во секое време“, изјави украинскиот претседател, пренесе РБК Украина.

Зеленски му се заблагодари и на американскиот претседател Доналд Трамп за дипломатските напори во насока на постигнување стабилен мир, и упати благодарност до сите држави што стојат зад мировните иницијативи.

Украина, според Зеленски, останува посветена на принципите на територијален интегритет и меѓународно право, како основа за секое можно решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…