Објавено на:

Трамп: Наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во регионите во близина на Русија

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во регионите во близина на Русија како одговор на заканите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, објави 4NEWS.mk

„Наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони, за секој случај, во случај овие глупави и провокативни изјави да се покажат како повеќе од обична реторика“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, објави Ројтерс.

Вчера, Трамп му се закани на поранешниот руски лидер Дмитриј Медведев да „внимава што зборува“ и го нарече „неуспешен претседател“.

„Русија и САД речиси и да немаат трговски односи. Да го задржиме тоа така и да му кажеме на Медведев, неуспешниот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека е сè уште претседател, да внимава на своите зборови. Тој влегува во многу опасна територија“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Наредив две нуклеарни подморници да бидат…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Бркотница како на филм во Скопје: Уапсени…

Двајца државјани на Косово се уапсени синоќа…

Путин до Трамп: Што се однесува до…

Лидерот на Кремљ, Владимир Путин, ги даде…

Сиљановска – Давкова загрижена што дел од…

Денеска се одржа втората седница на Советот…

Словенија донесе одлука, да забрани, увоз, извоз…

Словенија стана првата земја во Европа која…