Србија на раб на политички потрес: Вучиќ свика итна седница, уапсен поранешен министер
Ситуацијата во Србија нагло се вжештува – претседателот Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност, која ќе се одржи утре напладне. Според официјални информации, причината за седницата е сериозно загрозување на државната стабилност.
Неколку српски медиуми јавуваат дека е во тек координиран обид за државен удар. Како организатори се посочуваат високи претставници од правосудството и полицијата, вклучувајќи го и специјалниот обвинител Младен Ненадиќ, јавната обвинителка Јасмина Ганиќ, како и лица од УКП и СБПОК – српските служби за борба против организиран криминал.
Најголемата вест од утрото е апсењето на поранешниот министер Томислав Момировиќ, наводно директно поврзан со заговорот. Засега нема официјално соопштение од Владата или Министерството за внатрешни работи.
Јавноста е вознемирена, а аналитичарите предупредуваат дека следните 24 часа ќе бидат клучни за политичката и безбедносната стабилност на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија на раб на политички потрес: Вучиќ…
Ситуацијата во Србија нагло се вжештува –…
Германскиот Бундестаг ангажира инструктори по јога и…
Администрацијата на германскиот Бундестаг објави јавен повик…
Лукашенко: Белорусија и Русија никој нема да…
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека американскиот…
Никола Груевски ден порано го честиташе Илинден
ЧЕСТИТКА ЗА ИЛИНДЕН Во предвечерието на големиот…
Трамп: Наредив две нуклеарни подморници да бидат…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…