(Видео) Голем пожар во населба Лисиче: Изгореа три куќи!

t

Голем пожар ја зафати скопската населба Лисиче доцна вечерва. Пожарот се случил на адреса Ѓорѓе Андреевиќ во населбата, а започнал во една од бараките.

Според неофицијалните информации од очевидци две куќи се целосно изгорени, а една е делумно зафатена но гаснењето на пожарот е отежнато поради азбестните плочи кои се дел од кровната конструкција.

Пожарот неофицијално започнал од пикавец, а потоа молскавично се проширил на околните две бараки.

Според нашите информации има и повредени лица од кои потешко повредено е повредено лицето во чиј дом започнал пожарот.

Повеќе детали очекуваме во текот на утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

(Видео) Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и…

Конечна потврда за тоа кој е најголемиот…

Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…

Бугарија денес избира претседател. Право на глас…

Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…