Сè уште гужва на границите – се чека и по половина час
Од Авто мото сојузот на Макеодонија информираат дека на граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, додека пак на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Оттаму велат дека од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе има изменет режим на сообраќај поради градежни активности на делницата, со што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од АМСМ апелираат за прилагодена брзина на движење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, поготово кај делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На граница уапсен 74-годишник од Германија, полицијата…
Полицијата на граница уапсила 74 годишник од…
600 куршуми пронајдени во автобус запрен на…
Во автобус кој е запрен на граничниот…
Забрани за тешки возила кон Стража и…
Сообраќајот на државните патишта низ земјава се…
АМСМ: Поради магла намалена видливост на неколку…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…
Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон…
Намалена видливост до 70 метри и појава…