Утре вонреден состанок на Советот за безбедност за заложниците во Газа
Советот за безбедност на ОН ќе свика итен состанок во вторник по прашањето на израелските заложници во Појасот Газа, објави во недела постојаниот претставник на Израел во меѓународната организација, во услови на атмосфера на негодување поради нивната судбина во енклавата, уништена по 22 месеци војна и загрозена од глад.
Дени Данон, амбасадорот на Израел во Обединетите нации, го објави состанокот преку социјалните мрежи, неколку дена откако беа објавени видеа на кои се прикажани двајца ужасно ослабени израелски заложници.
Данон појасни дека Советот за безбедност „ќе се состане (утре) во вторник на итен состанок за катастрофалната состојба на заложниците во Газа“.
Објавувањето во четврток од страна на палестинското исламистичко движење и неговиот сојузник, Палестинскиот исламски џихад, на три видеа на кои се прикажани овие двајца израелски заложници, ослабени, предизвика силни емоционални реакции во Израел и интензивна дебата за потребата од постигнување договор за ослободување на овие луѓе, кои беа киднапирани за време на невидениот напад на Хамас на јужниот дел од израелската територија на 7 октомври 2023 година, што беше повод за војната.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера побара помош од Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина (МКЦК) за „обезбедување храна“, како и „медицинска нега“ за заложниците.
Кратко потоа, военото крило на Хамас ја изјави својата подготвеност да одговори „позитивно“ на секое барање од МКЦК, но претходно побара „отворање на хуманитарни коридори на ОН за да се овозможи внесување храна и лекови“ во Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре вонреден состанок на Советот за безбедност…
Советот за безбедност на ОН ќе свика…
Демонстрации по улиците во Израел – бараат…
Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи…
Ердоган вети дека ќе го зголеми притисокот…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот…
Над 100 луѓе се убиени во израелски…
Повеќе од 100 лица се убиени во…
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…
Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…