За Мицкоски нема пречка Меџити да продолжи да министерува и покрај кандидатурата за градоначалник
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.
-Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите каде што се министри и истовремено ќе бидат кандидати“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ова не е првпат функционери да се кандидираат додека се на јавна функција.
Според премиерот, вакви случаи биле честа пракса и во минатото, и дека нема причина да се очекуваат нарушувања во работењето на институциите.
„Сето она што претставува нормално функционирање на институциите ќе продолжи во таа насока“, додаде тој
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Мицкоски нема пречка Меџити да продолжи…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вицепремиерот…
(Фото) Ева Заева со емотивна фотографија се…
Ева Заева се прости од прерано починатиот…
Љубчо Георгиевски: Обвинителството одби да гони 40…
Поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски, во…
(Видео) Брлогот го најде скакулецот кој ги…
Благојчо Брлог Георгиев направи сатирично видео со…
Mногу безбедно: Куршум пробил ѕид додека семејството…
Жителка на скопската општина Гази Баба пријавила…