(Видео) Кој е убиецот од Психијатриската болница во Бардовци: Слободно си шетал и пиел по кафеани, си снимал насилства!
Димитар Спасов, кој во 2012 година ја уби својата мајка, повторно изврши убиство – овој пат врз цимер во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, објави Скопје1. До инцидентот дошло по кавга за легло, а Спасов го усмртил со скршено стаклено шише.
Иако е сместен поради психијатриски третман, Скопје1 наведува дека Спасов често се движел слободно низ Ѓорче Петров, без полициски надзор. На социјалните мрежи отворено објавувал снимки со насилна содржина и дури се фотографирал во кафеани со алкохол.
Во установата, според истиот извор, не се почитувале основни безбедносни протоколи – консумацијата на алкохол била дозволена, а вработени пријавувале закани и притисоци од страна на Спасов.
Жртвата е лице со иницијали И.Т., а телото е предадено на обдукција. Спасов и натаму се наоѓа во установата, затворен во просторијата каде го извршил вториот грозоморен чин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Kривична за стружанец – го оштети државниот…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Фрлала со дрвја по деца кои играле…
ОВР Kичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(73)…
Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…
Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…
Уапсен е 45 годишен скопјанец – крадел…
МВР информира дека вчера полициски службеници од…