Објавено на:

Тројца пратеници од српското Собрание со кривична пријава за Ана Брнабиќ – поттикнувала национална, верска и расна омраза

t

Пратениците на српското Собрание – Шаип Камбери, Ахмедин Шкријељ и Минела Календер поднесоа кривична пријава против претседателката на собранието Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“, јавија белградските медиуми.

Пријавата следува по нејзината изјава во која, зборувајќи за протестите во Нови Пазар, таа, меѓу другото, рече: „Го слушнавме извикот „Алаху Акбар“ и други одвратни работи“, објавија Bujanovacke.co.rs, пренесе Бета.

Кривичната пријава е поднесена до Високото јавно обвинителство во Белград, според член 317 од Кривичниот законик на Србија, што се однесува на поттикнување омраза и нетолеранција врз основа на национална, верска и расна припадност.

Камбери истакна дека говорот на омраза не смее да остане само политичко прашање, туку, како што изјави, мора да се третира како прашање на законитост и правда.

Тој оцени дека реченицата на Брнабиќ „не претставува ниту лапсус ниту погрешно толкување, туку, како што изјави, „свесно таргетирање на муслиманската заедница и обид за ставање на религиозниот идентитет во негативен контекст“.
Според него, овој потег не е политичка одмазда, ниту сензационализам.

„Тоа е повик за правда и обид за воспоставување преседан – дека никој, дури ни претседателот на собранието, не може неказнето да шири говор на омраза“, рече Камбери.

Тој додаде дека правдата не е привилегија, туку штит за секој граѓанин, вклучително и оние кои, како што рече, „го изговараат „Алаху Акбар“ како израз на вера, а не насилство“.

„Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината и да се соочиме со јазикот што боли, дели и понижува“, рече Камбери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газда на фирма не пријавил данок од…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривична за битолчанец: Вршел полови дејствија пред…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54)…

Кривична пријава против поранешен директор на Водовод…

Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен…

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите…

Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави…

Кривична против инвеститорот и четири лица од…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53)…