Возило се заби во столб близу Табановце, повредени две лица од Србија и две од Велика Британија

t

Две лица од Србија и две од Велика Британија се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце. 

Вчера околу 11:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген“, управувано од Д.С.(29) од Република Србија, удрило во метален столб од бензинска пумпа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници Т.Т.М.(29) и А.М.(56), двајцата од Велика Британија и С.С.(53) од Република Србија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

600 куршуми пронајдени во автобус запрен на…

Во автобус кој е запрен на граничниот…