Стапија на сила новите царини на Доналд Трамп
Стапија во сила новите царини на Доналд Трамп. По неколку недели преговори околу конечниот износ и обиди за намалување, американската администрација почна со наплата на повисоките царини кои се движат од 10 до 50 проценти, и кои ќе ги погодат трговски партнери на САД.
Од денеска и увозот од Македонија ќе се царини со 15%…Економистите не очекуваат преголемо влијание врз македонската економија со оглед на тоа дека трговската размена со САД е ограничена..Од Народната банка пак велат дека допрва ќе се прават анализи и дека се уште е рано да се видат ефектите од царините…
Трајко Славевски – гувернер на НБРМ
„Се уште немаме ефект од воведувањето на царините. Дури и проценките на САД се, зашто и кај нив ќе има влијание, дека по пет-шест месеци ќе може да ги почувствуваат првите ефекти. Царинските стапки се буквално од пред некој ден. Треба да направиме анализи, да видиме во која мерка тоа би влијаело.“
Царина од 15 отсто има и за Европската унија, со која САД пред две недели склучија трговски договор…Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и производите од Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35 отсто, од Босна и Херцеговина со 30 проценти, а најниска царина ќе имаат Албанија и Црна Гора, 10 отсто…
Американскиот претседател воведе високи царини за голем број земји, вклучувајќи 50% за стоки од Бразил, 39% за оние од Швајцарија, 35% за Канада и 25% за Индија…Трамп најави и посебна царина од 25% за индиска стока, која ќе биде воведена за 21 ден бидејќи земјата купува руска нафта…
Доналд Трамп
„Контратарифите стапуваат на сила на полноќ. Милијарди долари, претежно од земји кои со години ги искористуваа САД со насмевка на лицата, ќе почнат да се влеваат во САД.“
Индија одлучи да се спротистави на најновите мерки на американската администрација…Трговските разговори меѓу двете земји пропаднаа по пет рунди преговори поради несогласување околу отворањето на огромниот Индиски пазар за американски земјоделски и млечни производи …
Наренда Моди – Премиер на Индија
„За нас, благосостојбата на нашите земјоделци е на прво место. Индија никогаш нема да прави компромис со благосостојбата на своите земјоделци, млечни фармери и рибари. И јас лично знам дека ќе платам висока цена за тоа.“
А во обид да го врати технолошкото производство назад во САД, Трамп се закани со царина од 100 отсто на увоз на полупроводници…Оние компании што ќе вложат во американско производство ќе бидат ослободени од новите давачки…Неколку големи компании, добија потврда дека нема да бидат засегнати од новите царини, бидејќи веќе најавија инвестиции во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стапија на сила новите царини на Доналд…
Стапија во сила новите царини на Доналд…
Ценaтa на нафтата близу 67 долари
Цените на нафтата денес на меѓународните пазари…
Путин: ОАЕ е една од можните локации…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
ССМ бара итно зголемување на минималната плата…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска…
Големи измени: Од кандидатите за виза може…
Американскиот Стејт департмент треба да воведе пилот-програма…