Судењето против Додик е закана за стабилноста на БиХ, порача руски претставник во ОН
Кривичното гонење на Милорад Додик ја загрозува стабилноста на Босна и Херцеговина, затоа сакавме да го привлечеме вниманието на членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации кон ова прашање, изјави Дмитриј Пољански, заменик-амбасадор на Русија во ОН.
Пољански ова го кажа во изјава за медиумите по затворените консултации во Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ кои се одржаа вчера на барање на Русија. Нивното одржување дојде еден ден откако Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по судската пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
Советот за безбедност на ОН закажа консултации за БиХ по одземањето на мандатот на Додик
Рускиот претставник ги повтори претходните тврдења на Русија дека Шмит е нелегитимен преставник и дека претходно предупредиле оти неговите постапки ќе доведат до проблеми.
Русија тврдат дека Шмит е нелегитимен претставник во БиХ бидејќи неговото назначување не било потврдено од Советот за безбедност на ОН, а Русија и Кина биле против тоа. Од друга страна, Шмит е поддржан од САД и повеќето земји од ЕУ, при што ОН појаснува дека тој го има потребниот легитимитет преку неговиот избор во Советот за спроведување на мирот во БиХ, телото кое му дава политички насоки на високиот претставник.
На новинарско прашање дали ќе се одржи отворена седница на Советот за безбедност на ОН за Додик, Пољански рече дека тоа зависи од развојот на ситуациите.
Изборната комисија на БиХ пред два дена донесе едногласна одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Одлуката следува по потврдувањето на конечната пресуда на Судот на БиХ со која Додик е осуден на една година затвор и забрана за вршење на оваа и други политички функции во земјата во следните шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
Додик оцени дека овој потег е неприфатлив и најави дека Народното собрание на Република Српска ќе одлучи за распишување референдум во наредниот период на кој народот ќе се изјасни за неговиот мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судењето против Додик е закана за стабилноста…
Кривичното гонење на Милорад Додик ја загрозува…
Денес е Света Петка: Чуда се случуваат,…
На 8 август се празнува Света Петка-Летна.…
Продолжуваат протестите во Кочани: За утре најавен…
Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од…
Трамп размислува за зголемување на царините за…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги користи царини…
Престојувајте во разладени простории од 11 до…
По најавите на синоптичарите за пораст на…