Сојузот на борците од НОАВМ реагираат на именувањето на училиште во Студеничани со име на фашистички колаборационист

t

Отворено писмо до Влада на Република Северна Македонија

Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи упатува остра реакција по сознанието за Одлука на Владата да даде согласност за формирање на основно училиште во Општина Студеничани со името на профашистичкиот колаборационист, балистот Азем Морани. Бараме од Владата веднаш да ја преиспита ваквата Одлука и да не дозволи распламтување на историскиот ревизионизам и подривање на асномските темели на Македонија, како антифашистичка држава. Во време на постојани обиди за релативизација на историските вистини од надвор, недозволиво е никој во институциите да не бил свесен дека носејќи ја оваа одлука дозволуваме истото да ни се случува и од внатре. Азем Морани е осуден во 1947 година за своите профашистички, балистички и колаборационистички активности во времето на Втората светска војна и по нејзиното завршување, а насочени против македонската држава и слободите и правата на сите граѓани без разлика на нивното социјално или етничко потекло. Училиштата се место за примарен воспитно-образовен процес и како такви треба да всадат во децата вистински вредности, антифашизам, космополитизам и човечност. , стои во објавата на Фјесбук страната на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Емотивно писмо од универзитетска професорка во Србија:…

„Веќе не гледаме бран во вас, гледаме…

Не прифаќаме одложено дејство: Бугарите од Македонија…

Бугарите во Република Македонија бараат да се…

Ахмети напишал писма до меѓународните лидери: Загрозени…

Шефот на опозициската ДУИ, Али Ахмети испратил…

Морничаво – Оставено писмо на гробовите на…

Државното обвинителство во Санкт Петербург побарало тригодишна…

“Храбро срце” испрати писмо до Владата: Бараат…

Пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на…