Две лица пронајдени мртви во Гевгелија – телата предадени на обдукција

t

Во текот на вчерашниот ден, во два одделни случаи, во Гевгелија биле пронајдени две починати лица во нивните домови.

Првиот случај бил пријавен на 7 август во 11:20 часот, кога во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во семеен дом бил пронајден починат И.Г. (45) од Гевгелија. Екипа од Итната медицинска помош излегла на терен и констатирала смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта. Увид извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија

Неколку часа подоцна, на 7 август во 16:35 часот, бил пријавен и втор случај на починато лице во дом во Гевгелија. Станува збор за М.Р. (45) од Гевгелија. И во овој случај, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, а увид извршила исто така увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Полицијата ги истражува двата случаи, кои во моментот се во фаза на понатамошна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради силен ветар одлета лимена конструкција од…

Преку Единствениот број за итни повици 112…

Властите во Техеран велат дека „сѐ е…

Бројот на жртви продолжува да расте во…

Две лица од Скопје се пронајдени мртви…

Двајца мажи на возраст од 30 години,…

Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во…

Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица…

Притвор за дилер на кокаин од Гевгелија

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство…